Размрдана и владината коалиција: По интервјуто на Заев ЛДП бара средба на партнерите
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 13:12
Има ли притисок во владината коалиција по блокадата од Бугарија во евроинтеграциите и по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС? Либерлано димекратската партија бара по Извршниот одбор на партијата вчера како заклучко изглааса барање за средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС. Оттаму велат дека за ЛДП членството на Македонија во ЕУ останува врвен национален приоритет, врз основа на критериумите од Копенхаген, притоа почитувајќи ја реалноста за македонскиот идентитет и национална посебност, втемелени во двата Илиндени од 1903 и 1944, како и референдумот за незавиност од 1991 година.
„ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС. ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, споделени вредности и презентација на потврдени факти. ЛДП инсистира на доследно почитување на ратификуваните меѓународни договори кои ги обврзуваат договорните страни, потсетувајќи дека сите постојни договори го потврдуваат несомненото постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура, се дел од заклучоците.
Додаваат дека го осудуваат говорот на омраза, особено на неприфатливиот говор кој го негира самоиндентификувањето на секоја личност и на секој колективитет, вкучително и понижувањето на македонскиот народ и македонската нација.
ЛДП нема да ги коментира изјавите на дел од бугарските политичари до завршувањето на изборите, бидејќи како што велат немаат намера да им помага во градењето на нивниот рејтинг заснован на шовинистичка и националистичка реторика.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




