19 Мај, 2024
0.0278

Разрешувањето на Катица Јанева продолжува, се чека Илија Димовски

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Извештајот од Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште се наоѓа кај собранискиот спикер Талап Џафери, кој денеска се очекува документот кој содржи докази за случајот „Рекет“ да се најде пред комисијата за избори и именувања, но откако нејзиниот претседател - пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ќе го добие документот и ќе ја свика истата.

Димовски изјави дека веднаш штом го добие извештајот ќе свика седница на комисијата, а се очекува процедурата да се одвива зад затворени врати бидејќи во извештајот се споменуваат имиња кои би можеле да бидат доведени во компромитирачки контекст. Поради истрагата која е во тек, најверојатно седницата на која ќе се разгледува извештајот ќе се одвива без присуство на јавноста.

Постапката за разрешување на специјалната обвинителка Јанева започна откако советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има законски основи да биде разрешена од функцијата. Штом процедурата го мине Собранието и биде донесена одлуката во законодавниот дом, обвинителите треба да изберат в.д. претседател на СЈО.

Покрај разрешувањето на Јанева, собранието треба да го разгледа и предложениот закон за Јавно обвинителство, за кој пак се расправа во комисијата за европски прашања предводена од пратеникот Артан Груби. Од владеачкото мнозинство предводено од СДСМ повикаа опозицијата да даде придонес во донесувањето на законот, а во тек се и преговори со опозициските партии. 


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“