26 Април, 2024
0.0347

КОЈ НЕ САКА МОДЕРНА УНИВЕРЗАЛНА? Разрушената сала може да го чини градот недобивање на титулата „Европски град на културата“!

Објавено во: Македонија 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Фактот што на вчерашната седница на советот на Град Скопје не беше изгласана одлуката за реконструкција на Универзална сала, го фрли во заден план фактот што овој објект е симбол на модерното Скопје и дека веќе со години го нагрдува централното градско подрачје. 

Фактор веќе објави дека Универзалната сала, која некогаш беше гордост на скопјани заради уникатниот изглед, денес е руина која го нагрдува градот и од каде излегува прав заради рушевините. 

Иако сите советници во градскиот совет се согласни дека се работи за проект од интерес на сите жители на Скопје,  тие, сепак, не дадоа зелено светло за предлогот на СДСМ, односно Градот времено да ѝ ја отстапи Универзалната сала на Владата, односно на Министерство за култура, за да може да се продолжи со реконструкција на објектот.

Незаинтересираноста оди дотаму, што, советникот на ВМРО-ДПМНЕ,Страшо Ангеловски  истакна дека треба да се потикне градоначалничката за реализација на овој проект, бидејќи тоа бил проект во програмата на градоначалничката Данела Арсовска, а не на СДСМ и Министерството за култура. 

Советниците од Левица пак, не гласаа затоа што не сакале на една година пред избори овој проект да го прави Владата на СДСМ. 

Дали можеби советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не дадоа зелено светло заради собирање на евтини политички поени, од кои единствена штета трпат граѓаните и главниот град, чиј симбол е токму Универзалната сала?

Откако предлогот со само 15 гласови за, не беше изгласан, пропаднаа и надежите за  реконструкција, а тоа значи дека објектот ќе продолжи да сведочи за незаинтересираноста на институциите, но и на советниците во градскиот совет, посебно на оние што се изјаснија против овој предлог. 

Доколку продолжат ваквите непродуктивни партиски препукувања, кои не се во ничиј интерес, освен во делење политички поени, Скопје може да не ја добие титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028 година, бидејќи Универзалната сала е институцијата која аплицирала за титулата, а Скопје е веќе влезен во потесен избор.

Ф.Р.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?