РЕАКЦИИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА: Ова е неприфатливо за земја која сака да се приклучи на ЕУ
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2023 16:59
Странските земји се јавија со реакции за изборите во Србија, каде граѓани обвинија за изборен грабеж, а во Белград синоќа имаше протести.
Германија оцени дека неправилностите кои ги утврдиле меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Србија се неприфатливи за земја која сака да се приклучи на Европската Унија(ЕУ), додека Вашингтон изрази желба за понатамошна соработка на јакнењето на демократијата.
„Србија гласаше, но ОБСЕ пријави случаи на неовластено користење јавни средства, заплашување гласачи и купување гласови“, објави германското Министерство за надворешни работи.Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер им кажа на новинарите дека САД сакаат „да продолжат да соработуваат со идната влада на Србија за да се зајакне демократското управување и правната држава и да се напредува на полето на регионалната стабилност“.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, и европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, изразија очекување дека надлежните државни органи на Србија ќе одговорат на транспарентен начин на веродостојните извештаи за нерегуларности на изборите, кои вклучуват наводи за нерегуларности на изборите во Белград.
Кремљ изрази задоволство поради победата на партијата на Вучиќ на изборите во Србија, нарекувајќи ја пријателска и братска земја.
Поддржувачи на опозицијата се собраа во центарот на Белград на протест со барање да се расчисти прашањето со резултатите од изборите во српската престолнина во чија регуларност се сомневаат. Најавено е дека вечерва ќе има нови протести.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




