26 Април, 2024
0.2116

Реакција на Сашо Тасевски по нападот над црномурестите деца на мајката од Скопје: Полуписмени луѓе со страв и омраза

Објавено во: Македонија 20 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Актерот Сашо Тасевски денеска реагираше на својот профил на социјалните мрежи, осудувајќи го физичкиот напад од расистички побуди на три деца на мајка која е скопјанка.  Нишон и неговите брат и сестра одејќи кон школо имале непријатна случка. Нивната мајка Милена Милошевска на социјалните мрежи раскажа дека тие биле нападнати на Плоштадот во Скопје на вербален но и на физички начин од млади момчиња кои имале околу 20 години. Мајката тврдеше дека во моментот на случувањето минувачите не мрднале со прст за да ги спречат напаѓачите во овој случај.

„Од каде расизам кај нас? До 1990 овде во Скопје, имаше студенти од цел свет. Црнци од афричкоте земји, Палестинци, Јорданци, Мароканци... Кај педагошка имаше студентски дом во бараки. Живеев на 150 метри од него. Ко игравме фудбал пред зграда во паркот, копиљаци од 9 години, тие студенти минуваа покрај нас по патеката. Некогаш играа со нас. На одење ќе ни купеа сладоледи и ќе ни ги донесеа. Играа и со тинејџерите у маалото. Не се сеќавам на ниту еден инцидент, навреда на расистичка основа. Кога гледавме филмови за расизмот како оној со Кунта Кинте или подоцна Мисисипи во пламен, кога ја читавме Колибата на Чичо Том, таа тема тешко ја разбиравме, поточно таа омраза кон друга раса непредизвикана од ништо. Беше несфатливо за нас како постојат такви луѓе.
Вчера на скопскиот плоштад, со тупаници е удирано дете од 13 години само зашто е црнче. Удирано од полнолетни личности, додека неговата 9 годишна сестра гледала. Го удирале и му викале Црнчуга, Циган, ќумбе, бамбус, мајмун, црно гомно....
Триесет години живот во изолација, на прагот на сиромаштија, во див капитализам каде секој секого искористува за пари или му го злоупотребува трудот, во општество каде никој нема време за никого а родителите не ги гледаат децата зашто се до 17 часот на работа, со образовен систем кој е чудовишно хибриден, ни ваму ни таму, кој те воспитува да бидеш строго прагматичен, да си ја гледаш работата и својот ќар, исчистен од сите големи наративи, материјалистички насочен, осиромашен со образовен кадар, корумпиран, зависен од политиката, препопустлив кон негативните појави кај младите, од такви околности друго и не може да се роди, освен полуписмени луѓе полни со суеверие, страв и омраза. 
Играат ножеви на секој чекор, бодење по автобуси и шутирање до смрт на ученици на автобуски станици и школски дворови, самоповредувања во Битола на копиљаци заведени од видео игра, пресметки со пиштоли и ножеви по кафулиња и дискотеки, по број на самоубиства сме во врвот на Европа. Социјалните мрежи се токсични од нашите вербални отрови и клетви упатени секому за било што. 
Дали уште мислите дека треба да зборуваме за политички програми со акцент на просечна плата од 500 евра или со акцент на нешто друго, а платата да се подразбира дека ќе биде висока штом ни успее од говеда да направиме човек“, гласи денешниот статус на Тасевски по тој повод.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“