26 Април, 2024
0.0946

Реализирана работна средба со раководството на Европската бизнис асоцијација - соработка за промовирање на европските вредности во македонското стопанство

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна средба со раководството на Европската бизнис асоцијација, предводено од претседателката на асоцијацијата Катерина Бошевска.

Претседателот Азески посочи дека Европската бизнис асоцијација треба да има клучна позиција во претстојниот период, насочена кон пренесување на европските вредности во македонската економија, но и да поведе процес на транспонирање на европското законодавство во области кои се од клучно значење за македонското стопанство, кои треба да обезбедат доближување на применливите правила и стандарди за македонските компании, процес кој треба да се одвива независно од формалниот процес на пристапување кон Европската унија.

На средбата се разговараше за некои од тековните активности кои ги спроведува Европската бизнис асоцијација поврзани со регулативата која се однесува на прашањата на стечај и инсолвентност, и беше постигната согласност двете асоцијации активно да соработуваат во насока на регулирање на ова прашање, со цел да се надминат недоследностите во законските решенија кои причинуваат неефикасност во постапките и во важечкиот Закон за стечај, но и во новото законско решение на нацрт Законот за инсолвентност, во кој треба да бидат имплементирани соодветни предлози кои  треба да придонесат за надминување на воочените слабости од важечкото законско решение.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина