01 Јуни, 2023
0.0245

Ребалансот на буџетот стигна во Собрание - ќе дискутираат ли пратениците за зголемените приливи и расходи?

Објавено во: Финансии 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Зголемени приходи, но и зголемени расходи се планирани со ребалансот на буџетот. Измените и дополнувањата предвидуваат вкупните приходи во буџетот на годишно ниво да достигна 245,8 милијарди денари, или речиси 4 милијарди евра и истите се зголемени за 6,9 милијарди денари во споредба со претходниот буџет на државата. Вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари, или 4,6 милијарди евра, зголемени за 5,9 отсто, односно за околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции за 2022 година

-  Во структурата на вкупните приходи, даночните приходи, како изворни приходи на Буџетот учествуваат со 58,3 проценти и се планирани на ниво од 143,2 милијарди денари односно за околу 6,7 милијарди или за 5 отсто повеќе во однос на планираните со Буџетот за 2022 година. Проектираниот раст на даночните приходи се должи на зголемувањето на даночната основа кај одредени видови даноци како резултат на пораст на потрошувачката, пораст на просечната плата, поголема профитабилност на компаниите и слично, како и врз основа на очекувањата за подобрена наплата на даночните приходи поради намалување на сивата економија, засилена даночна контрола и поедноставување и дигитализација на даночните постапки, и понатамошна реализација на целите и приоритетите на Стратегијата за реформи на даночниот систем 2021-2027. Притоа, најголем пораст е проектиран кај приходите од данокот на додадена вредност кои со Измените и дополнувањата на Буџетот за 2022 година се планирани на ниво од 68,4 милијарди денари, а што се должи на очекуваниот пораст на финалната потрошувачка и инфлаторните движења во економијата – пишува во Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Македонија за 2022 година.

Притоа, со измените е утврдено дека приходите по основ на данокот на личен доход ќе изнесуваат 22,6 милијарди денари, што е 7,5 отсто повеќе во однос на претходните проекции на буџетот. Најавите се дека овој раст е базиран на зголемување на даночната основа по основ на доход од работен однос и од доход за повремено и привремено вршење на услуги, раст на приходите од данок на доход од капитал, како и зголемен број на даночни обврзници во системот на данок на личен доход по основ на намалена стапка на невработеност. Проектиран е понатамошен тренд на раст и кај приходите од данокот на добивка со што, во Измените и дополнувањата на Буџетот за 2022 година, истите изнесуваат 13,4 милијарди денари, или 8,8 проценти над планираните со Буџетот за 2022 година.

Од друга страна кај приходите по основ на акцизи е предвидено да изнесуваат 26,9 милијарди денари, или 6,5 отсто под нивото на планираните приходи со Буџетот за 2022 година, што се должи на реализација на антикризните мерки усвоени во март оваа година со цел амортизација на ценовните шокови кај енергентите. Во Измените и дополнувањата на Буџетот за 2022 година се проектирани приходи по основ на царински давачки, вклучувајќи ги и приходите од данокот на моторни возила, во износ од 8,9 милијарди денари, што е на исто ниво.

-  Со проекциите на даночните приходи на Измените и дополнувањата на Буџетот за 2022 година, учеството на пооделните даноци во структурата на даночните приходи е следно: данок на додадена вредност (47,8 отсто); акцизи (18,8 проценти); данок на личен доход (15,8 отсто); данок на добивка (9,4 проценти); увозни давачки и данок на моторни возила (6,2 отсто); и други даночни приходи и приходи на сопствените сметки на буџетските корисници (2 проценти). Главната цел на даночната политика и понатаму е постигнување на одржлив економски раст и развој, притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи, преку реализација на основните приоритети, поголема праведност во оданочувањето, со цел да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот, поголема ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, преку поефикасна борба против нерегистрираните дејности и затајување данок и зајакнат институционален капацитет, како и намалување на заостанатите даночни обврски... – се појаснува во ребалансот на буџетот.

Исто така потенцирано е дека во услови на енергетска криза на глобално ниво, рапиден пораст на цените на енергентите и на прехранбените производи, даночната политика е ставена во функција на стабилизација на цените на пазарот на овие производи во земјата, преку повеќе антикризни мерки кои, како што се потенцира во ребалансот, се реализирани преку измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, со кои е предвидено времено ослободување од данокот на додадена вредност за прометот на основни производи за човечка исхрана, намалување на данокот на додадена вредност од 18 отсто на повластена стапка од 10 проценти за прометот со нафтени деривати, и е продолжена примената на оданочувањето со повластена стапка од 5 отсто за прометот со електрична енергија кон домаќинствата.

-  Дополнително, со влегувањето во сила на Законот за Царинската тарифа во март 2022 година, постигнато е намалување на царинските стапки на над 250 тарифни ознаки, а со цел пониски трошоци на производствените компании и стимулирање на извозот. Во Измените и дополнувањата на Буџетот за 2022 година планирано е да се остварат околу 17 милијарди денари по основ на неданочни приходи (административни такси, концесии и други неданочни приходи), околу 2,2 милијарди денари од капитални приходи (по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда), како и 4,8 милијарди денари по основ на донации кон буџетските корисници за конкретни проекти и од повлекувања од предпристапните фондови на ЕУ. Социјалните придонеси како изворни приходи на фондовите за пензиско и здравствено осигурување и на Агенцијата за вработување се планирани во износ од 78,6 милијарди денари или за 5,7 отсто на повисоко ниво во однос на приходите планирани со Буџетот за 2022 година – се објаснува во предлог ребалансот на буџетот.

Дефицитот со ребалансот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 проценти од БДП. Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 33,2 милијарди, расходите за стоки и услуги се планирани во износ од околу 23 милијарди денари, наменети за редовно сервисирање на обврските на буџетските корисници, во кои се вклучени ефектите од зголемените цени за енергенсите. Тековните трансфери се планирани на ниво од 189,7 милијарди денари или за околу 19 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2022 година, и притоа се потенцира дека истите се однесуваат пред се на потребните средства за имплементирање на економските мерки за поддршка на граѓаните и економијата. Капиталните расходи сегасе на ниво од 32,2 милијарди денари или за околу 6 милијарди денари пониски. 

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ ГО ОТВОРИЈА ШАМПАЊСКОТО - Банката пресече: Ќе се дели дивиденда од 34 милиони евра, еве кој колку ќе добие на конто

АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ ГО ОТВОРИЈА ШАМПАЊСКОТО - Банката пресече: Ќе се дели дивиденда од 34 милиони евра, еве кој колку ќе добие на конто

ВРТОГЛАВ ПАД: Денес Твитер вреди една третина од сумата што ја плати Маск: Погрешни одлуки влијаеле на падот на проценетата вредност на компанијата

ВРТОГЛАВ ПАД: Денес Твитер вреди една третина од сумата што ја плати Маск: Погрешни одлуки влијаеле на падот на проценетата вредност на компанијата

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ РЕИНВЕСТИРАЛЕ ДУРИ 107 МИЛИОНИ ЕВРА - Профитите на компаниите остануваат во земјава

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ РЕИНВЕСТИРАЛЕ ДУРИ 107 МИЛИОНИ ЕВРА - Профитите на компаниите остануваат во земјава

„ИМ ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ РАБОТАТ ШЕСТ ЧАСА,А РАБОТАТ ДЕСЕТ“:На Грција очајно и требаат сезонски работници

„ИМ ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ РАБОТАТ ШЕСТ ЧАСА,А РАБОТАТ ДЕСЕТ“:На Грција очајно и требаат сезонски работници

ЏАБЕ ФАКУЛТЕТИТЕ: За 60 проценти од занимањата во иднина нема да треба високо образование: Платата оди над две илјади евра

ЏАБЕ ФАКУЛТЕТИТЕ: За 60 проценти од занимањата во иднина нема да треба високо образование: Платата оди над две илјади евра

ПРОДАДЕНИ СЕ 16 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ЖИТО ПОЛОГ“ - купувачот плати 328 илјади евра

ПРОДАДЕНИ СЕ 16 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ЖИТО ПОЛОГ“ - купувачот плати 328 илјади евра

АКО ИМА БЕСПЛАТНА ЛЕЖАЛКА ВО ГРЦИЈА-БЕГАЈТЕ! Лимонада чини колку цел ручек, а за пиво ќе платите 37 евра! Туристите во шок

АКО ИМА БЕСПЛАТНА ЛЕЖАЛКА ВО ГРЦИЈА-БЕГАЈТЕ! Лимонада чини колку цел ручек, а за пиво ќе платите 37 евра! Туристите во шок

НА МОРЕ ПА МАКАР И БАНКРОТ: Како да одите на одмор, а да не останете без пари

НА МОРЕ ПА МАКАР И БАНКРОТ: Како да одите на одмор, а да не останете без пари

ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЗАМИНУВААТ: Влезот во ЕУ ја опустоши Хрватска за 300 илјади лица!

ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЗАМИНУВААТ: Влезот во ЕУ ја опустоши Хрватска за 300 илјади лица!