РЕЧИСИ ШЕСТ ИЛЈАДИ СТАНОВИ ИЗГРАДЕНИ ЛАНИ - еве кои се омилените локации
Објавено во: Економија, Македонија 14 Јуни, 2024
Во изградба на станови и куќи во текот на минатата година биле вложени над 820 милиони евра. Само градежните компании инвестирале скоро 600 милиони евра, додека пак граѓаните, кои исто така се јавуваат како градители вложиле над 220 милиони евра.
Во текот на минатата година компаниите и граѓаните заедно изградиле скоро пет илјади објекти, што е малку повеќе отколку во 2022 година, кога биле изградени 4.664 објекти.
Што се однесува пак до бројот на станови, вкупниот број на изградени станови во 2023 година достигнува 5.776 станови, што е помалку од 2022 година, кога биле изградени 6.301 станови.
Бројките откриваат дека градежните компании најмногу сакаат да градат во главниот град, но индивидуалци или самите граѓани како инвеститори најмногу се јавуваат како градители во Полошкиот регион.
Во текот на минатата година биле изградени вкупно 4.894 објекти, од кои дури 2.020 биле изградени од индивидуални сопственици, додека пак 2.874 од деловни субјекти.
Ова го откриваат податоците на Државниот завод за статистика, каде може да се види дека кога инвеститори се приватни лица најголем број градби се граделе во Полошкиот регион, и тоа вкупно 579 објекти, по што следува Скопскиот регион со 381 обејкти и Југозападен каде се изградени 337 објекти.
За разлика од граѓаните, кога градат компаниите, Скопје останува најпримамлив. Па така лани во скопскиот регион градежните компании изградиле 838 објекти, по што следува Источниот регион со 372 објекти, па Југоситочниот со 385 изградени објекти.
- Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13.763.912 илјади денари (223,8 милиони евра). Во текот на 2023 година се градени вкупно 2.020 објекти и завршени се вкупно 2.331 стан со вкупна површина од 299.224 м2 , од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.196 м2 . Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 метри квадранти – објави ДЗС.
Од друга страна, кога како градители се јавуваат деловните субјекти ДЗС утврдил дека извршени се градежни работи во вредност од 36.880.167 илјади денари (599,6 милиони евра).
Притоа компаниите во текот на 2023 година изградиле 2.874 објекти, а завршиле 3.445 станови со вкупна површина од 243.815 метри квадратни. Притоа просечната корисна површина на завршените станови е 70.8 метри квадаратни.
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.