РЕДАРИТЕ ИМААТ МНОГУ РАБОТА: Ги казнуваат луѓето кои „резервираат“ простор со крпи на хрватските плажи
Објавено во: Балкан 05 Август, 2024
Хрватите преземаат мерки против оние кои оставаат крпи на плажа со цел да го „резервираат“ местото.
Во Башка, на островот Крк, на пример, доколку ги оставите своите работи на плажа за да си чувате место и не се вратите со часови, општинското обезбедување ќе ви подигне сè. Доколку потоа не ја платите казната, останувате без вашите работи.
Според градоначалникот на општината, нивните општински редари имаат многу работа и наутро и навечер.
„Досега на туристите не им ја наплаќавме пропишаната казна во висина од 150 евра, само за да не влегуваме во конфликт и да не предизвикуваме негативен публицитет, а со тоа негативно да влијаеме на туристичката сезона“, објаснува градоначалникот Тони Јураниќ.
Освен во Башка, редарите се строги и во Трибуњ кај Шибеник, а во општина Градац, пак во Далмација, сите запленети крпи, чадори, торби и слично, се донираат во прифатилиштето за запуштени животни.
foto Wikipedia/Arne Museler
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.