14 Мај, 2024
0.0267

Регионална соработка и дијалогот за економска интеграција во регионот на Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателите на Коморите од земјите од регионот на Западен Балкан, кои се истовремено и членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум – КИФ, на средбата што денеска се одржа во Приштина, Р. Косово, разговараа за претстојните активности и конкретните мерки кои ќе бидат преземени во насока на промоција на регионалната соработка за формирање економска интеграција во регионот на Западен Балкан.

Претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукиќи како домаќин на средбата, на почетокот истакна дека главната цел на КИФ како асоцијација на коморите од земјите од Западен Балкан е преку одржување на ваквите состаноци да работи на воспоставување на конкретните чекори во насока на поддршка, продлабочување и промовирање на економската соработка на ниво на регион. Рукиќи посочи дека регионот на кој припаѓаме има потреба од инвестиции, а креирањето на заеднички пазар може да биде атрактивен и со голем потенцијал за странски партнери, како и да привлече големи светски компании да го препознаат Западен Балкан како место за нивни идни вложувања и креирање бизнис активности.

Економската интеграција е најсилната врска што ќе ги води земјите од Западен Балкан кон интеграцијата во Европската унија, констатира претседателот на Сојузот на комори за трговија и индустрија на Албанија, Инес Мукостепа, повлекувајќи истовремено дека регионалната соработка на економски план е многу важна за сите земји и е над било која политичка определба.

Како дел од делегацијата што ги посети Приштина и Призрен, беше и претседателот на Управниот одбор на КИФ и претседател на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, кој изјави дека земјите од Западен Балкан веќе немаат време за губење и дека е потребно интензивирање на економската соработка во секој сегмент во насока на обезбедување пораст на економскиот раст и развој на регионот. Во насока на одржување бизнис активности на регионално ниво беше потенциран форумот што ќе се одржат во Лондон во соработка со Фајненшал тајмс, каде регионот на Западен Балкан ќе биде претставен како инвестициска дестинација.

Подобра економска соработка меѓу земјите од Западен Балкан ќе испрати и позитивна порака до европските институции, посочи претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој е и заменик претседател на КИФ. Регионалната соработка станува обврска за сите земји од Западен Балкан. Нереално е да се има добра економска соработка со земја која е оддалечена  2000 километри а да не постои добра соработка помеѓу соседни блиски земји. Азески при тоа додаде дека компаниите во Западен Балкан имаат потреба од подобра меѓусебна комуникација, а за да се реализира тоа ќе се користи искуството на модел сличен на нордискиот за подобрување на овој јаз.

Ваквите средби се добра можност на регионално ниво да се разменат мислења и ставови кои ги посочуваат претприемачи претставени прекуКоморите и да  испратат пораки до факторите во секоја од земјите во Западен Балкан да одговорат на предизвиците, подвлече претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Властимир Голубовиќ.

Генералниот секретар на КИФ, Сафет Герѓалиу, констатираше дека мора да постои согласност дека дијалогот и регионалната соработка немаат алтернатива. Тековните активности на претседателите на стопанските комори на земјите од Западен Балкан се порака за политиката дека иднината ни припаѓа на сите нас и дека најголемата придобивка за земјите од Западен Балкан е поддршката и поттикнувањето на регионалната економска соработка.

Делегацијата составена од шефови на комори на Западен Балкан, исто така, го посети Паркот за иновации и обука во Призрен, внимателно разгледувајќи ги потенцијалите и придобивките кои овој парк може да ги донесе во функција на економскиот развој. Овој  германско-косовски проект е многу важен првенствено за вработување на младите преку промоција на стручна обука, развој на човечкиот капитал, а во исто време нуди иновативни решенија кои им овозможуваат на многу компании да бидат поконкурентни на европските пазари. 

Даниела Михајловска Василевска


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН