Рекапитализацијата на банките ќе затвори околу 40.000 мали претпријатија во Грција
Објавено во: Балкан 28 Август, 2013 14:00
Ќе бидат затворени околу 40.000 мали претпријатија во Грција, со што бројот на невработени ќе порасне на 90.000, јавуваат тамошните медиуми.
Тоа е последица на рекапитализација на банките од 50 милијарди евра.
Справувањето на банките е дел од втората фаза на програмата за помош која Европската унија ја подготвува за Грција и до сега се веруваше дека дека интервенцијата во банките ќе биде пресудна за економското опоравување на земјата.
Резултатите од интерната анкета, која е спроведена меѓу 1.200 мали фирми во Грција, покажува дека две третини од претпријатијата ја сметаат ситуацијата за полоша од минатата година.
Речиси ист број фирми, 65 проценти, се борат против кризата со намалување на платите и намалување на работното време.
Освен потенцијалните нови 90.000 невработани од приватниот сектор, ударот ќе ги погоди 12.500 Грци кои работат во јавниот сектор.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




