Рекорден број на траекти со албански иселеници пристигнаа во Драч
Објавено во: Економија 29 Јули, 2018
Во албанското пристаниште Драч претпладнево забележан е рекорден број патници, главно иселеници, кои со траекти доаѓаат во родниот крај за време на летните одмори..
Според Капетанијата пристигнале пет траекти со околу пет илјади патници и 1.050 возила. Попладнево се очекува да пристигнат уште два траекта со околу три илјади патници и 600 возила.
Во траектите има и косовски и македонски државјани.
Поради масовното доаѓање на печалбарите, според Капетанијата превземени се сите потребни мерки со цел олеснување на влезот на патниците.
Исто така зголемен е бројот на траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч и Бари-Драч.