26 Април, 2024
0.1333

РЕКТОРОТ ЈАНКУЛОВСКИ: Етичкиот кодекс на УКИМ има одредби од превентивен карактер

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Носењето на нов етички кодес на УКУМ е едно од актуелните прашања месеци наназад и за што се водеа ртасправи и дебати и конечно на 6. мај беше усвоен. Во однос на ова прашање, во емисијата „Утрински брифинг“, говореше ректорот на УКИМ, проф. Никола Јанкуловски.

-Носењето на етичкиот кодес се случи сега по долго време прес се заради транспарентност. Тој беше споделен на јавна расправа на факултетите и научните институции кои можеа и дадоа свои видувања на нормите и кодексот се со цел збогатување на содржините на истиот, а во насока на добивање еден морално-правен акт кој го регулира однесувањето на наставниците, студентите и на вработените во админстрацијата, велиректорот Јанкуловски.

Вели дека целта на Етичкиот кодекс на Универзитетот е зачувување на достоинството на професијата, зачувување на достоинството, угледот и интегритетот на личноста, како и зачувување на угледот и интегритетот на Универзитетот со сите негови едници. 

-Овој Етички кодекс треба да ја обезбеди и потврди вистиноста на инфорамациите кои се изнесуваат во јавноста. Сите ние се залагаме за вистинито информирање, каде сите знаме дека е добро да се слушнат двете страни и не смееме да си дозволиме да се изнесуваат невистини во јавноста, нагласува Јанкуловски.

-Доколку внимателно се анализираат одредбите на Етичкиот кодекс може слободно да заклучиме дека истиот не е репресивен, туку има одредби од превентивен и етички карактер. Имено, со овој Кодекс се обидовме да ги регулираме сите можни повреди кои настануваат, од типот плагијат, мито, корупција, сексуално вознемирување, што во крајна линија е добро за детектирање на негативните појави, а од друга страна бидејќи се работи за повреда на етичките норми и самите мерки што може да се преземат се опомена и јавна опомена. На овој начин воопшто не се нарушува слободата на научната мисла и говор на наставниот кадар, туку едноставно се канализира во академскиот речник што постои на УКИМ, вели Никола Јанкуловски.

Во етичкиот кодекс, како што вели ректорот Јанкуловски, не се споменуваат санкции. Главната  мерка е јавната опмена.

-Но целта на кодексот не е таа. Секој член на академската заедница има право на сопствено мислење кое е различно од ставовите на органите на Универзитетот. Принципите на слободата на мислата не смее да се ограничат, но сепак да внимаваме да не дојде до злоиупотреба и истите да преминат во говор на омраза, истакнува ректорот Јанкуловски. 


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите