Ременски пред гробот на Гоце Делчев: Константи не може да бидат предмет на политичко договарање
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2020 11:24
Делегација од Собранието предводена од пратеничката Фросина Ременски денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе по повод 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев. Ременски рече дека некои историски константи не можат да бидат предмет на политичко договарање, смета пратеничката Фросина Ременски прашана во врска со тоа како гледа на несогласувањата што постојат меѓу нашата земја и Бугарија за Гоце Делчев.
– Фактот дека Гоце Делчев е наша историска константа вткаена во нашата државност и во нашата револуционерна борба и во тој контекст не може да има какви било политички толкувања, меѓутоа историските факти треба да се земат предвид и секако да се почитува фактот дека нашиот великан Гоце Делчев почива во престолнината на слободна и суверена Македонија како што и беше неговиот аманет. Во далечните времиња на поствоена Југославија заедно со великанот Јосип Броз Тито, чија смрт ја одбележуваме, исто така, на денешен ден, вреди да се спомене дека благодарение на соработката моштите на Гоце Делчев почиваат во Скопје. И денеска ја имаме таа историска прилика како нови генерации и генерации кои ги следат неговите идеали да се поклониме пред неговиот гроб и да оддадеме почит на неговите дела за нашата државност, изјави Ременски.
Таа вели дека Гоце Делчев заслужува да биде столбот, како што и досега е, на нашата државност и дека не сака да ги коментира гледиштата на другите интелектуалци за потеклото на македонскиот идеолог.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




