19 Мај, 2024
0.0276

Ренци: По „Брегзит" Британците нема да се радуваат на привилегии од ЕУ

Објавено во: Свет 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Велика Британија не може да смета дека по заминувањето на ЕУ, Британците ќе ги задржат поголемите привилегии отколку граѓаните на другите земји надвор од заедницата, предупреди во интервју за БиБиСи италијанскиот премиер, Матео Ренци. 

„Нема да е можно да им дадеме на Британците повеќе права отколку на другите луѓе надвор од границите на ЕУ" - истакна Ренци, цитиран од агенциите.

Според италијанскиот премиер одлуката на поданиците на Велика Британија да ја напушти ЕУ е лоша. Тој смета дека дел од одговорноста за „Брегзит" е на поранешниот премиер Дејвид Камерон, кој го организираше референдумот, иако лично се залагаше за останување на земјата во заедницата. 

„Работата беше во тоа што Дејвид Камерон сакаше да го искористи референдумот, за да реши внатрешни проблеми на Конзервативната партија“ - вели тој. 

Истовремено Ренци истакна дека волјата на британскиот народ треба да се почитува. 

Италијанската влада иницира референдум за уставните реформи, закажан за 4 декември. 

„Британците одлучија за својата иднина. Сега ситуацијата е таква што ние можеме и треба да создадеме нов сојуз меѓу Британија и ЕУ, бидејќи ќе сме најдобри пријатели во последните години"- рече Ренци. 

Италијанскиот премиер истакна дека Брисел треба да го искористи „Брегзит" за подобрување на самата ЕУ.  Вели дека европските лидери треба да мислат за инвестирање во поинаква Европа. 




Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа