30 Април, 2024
0.0263

Решение ли е промена на методологијата за проценка за да нема паушални пресметки на данокот на имот

Објавено во: Економија 22 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Паушална и повисока проценета вредност на имотoт од реалната пазарна вредност, што влијае на висината на данокот што го плаќаат, е една од поплаките што ги изнеле граѓаните во неодамна објавената анализа за администрирање на даноците во град Скопје, пренесе МИА.

Според агенцијата експертите и институциите решение на вакви проблеми гледаат  во поедноставување на постојната или подготовка на нова методологијата за утврдување на пазарната вредност, спроведување масовна проценка од страна на Агенцијата за катастар на невдижности за тоа да биде основа за пресметка на висината на даноците на имот а како што се наведува се препорачува и вклучување независни проценители, особено во случаи на жалбена постапка и реевалуација на вредноста на имотот,  по примерот на европските држави.  

Официјалните податоци покажуваат дека стапките на данокот на имот во Македонија се ниски во споредба со другите европски земји, но, граѓаните во анкетата спроведена за потребите на анализата наведуваат дека се незадоволни од износот што го плаќаат. Мнозинството од анкетираните не се согласуваат дека износот што го плаќаат за данок на имот односно за данок на наследство и подарок е разумен и правичен.

Како даночна основа  во Македонија се зема пазарната вредност на недвижниот имот која се пресметува согласно Методологијата за одредување пазарна вредност. Според анкетата, 70 проценти од испитаниците изјавиле дека не се запозанени со Методологијата. Од оние кои рекле дека се запознаени, две третини сметат дека даночната администрација на град Скопје не ја оценува реално вредноста на нивниот недвижен имот. Иако зема предвид повеќе аспекти, Методологијата не става акцент на географската локација на сопственоста при одредување на цената, што е најзаначен критериум во најголем дел од развиените држави.

Промени на состојбите се очекуваат со новиот закон за проценка на кој работи Министерството за правда и завршувањето на изработката на новата методологија на која работи Министерството за транспорт и врски, пишува Миа.


Можеби ќе ве интересира

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати