Добивај вести на Viber
Шпанската економија и во четвртиот квартал ќе остане во рецесија, прогнозира централната банка на таа земја. За сега слабите податоци наговестуваат намалување на економскиот производ во последните три месеци во 2012 година, укажа Банката на Шпанија и додаде дека растот на купувањето исчезна во октомври по септемвриското зголемување на данокот на продажба, поради што земјата ќе остане во рецесија. Продажбата на автомобили минатиот месец порасна по падот во септември, предизвикан од зголемениот данок на продажба, се наведува во извештајот.