РЕВИЗОР УШТЕ НЕМА: Oд идната недела ќе нема кој да ги потпишува налозите за плати
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019
Уште еден обид за избор на прв ревизор на државата пропадна.
Двете партии, СДСМ и ДУИ никако не можат да ги усогласат ставовите за тоа кој ќе биде поставен на оваа позиција во Државниот завод за ревизија.
Илија Димовски, претседателот на собраниската Комисија за именувања, повторно ја одложи седницата за избор на нов државен ревизор, овој пат на барање на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој побара одложување затоа што, како што наведе тој, 8-те назависни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаат барање за нова распределба на силите во собраниските комисии. Димовски кажа дека би било непринципиелно да не го прифати барањето на СДСМ.
За изборот на Државен ревизор има повеќе предлози за разгледување, но засега конкретни имиња не се откриваат.