06 Мај, 2024
0.0303

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ ДИК ДА ИМ ГИ ЗАПРЕ БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ НА ДУРИ 84 УЧЕСНИЦИ ВО ИЗБОРИТЕ - не доставиле извештаи од каде им се донациите

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија бара од Државната изборна комисија да ја запре изплатата на буџетските пари за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесници во локалните избори кои не доставиле извештај за примените донации. 

Се известуваат учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година дека Државниот завод за ревизија, постапувајќи согласно член 177-а став 6 од Изборниот законик поднесе Предлог до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за запирање на исплатата на средствата кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година. Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка предвиден со член 84-б став 2 од Изборниот законик“, се вели во соопштението од ДЗР.

Предлогот, како што велат од Заводот, содржи податоци и информации за непостапување согласно законските обврски за 84 од вкупно 122 учесници во изборната кампања, од кои 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина. 

„Државниот завод за ревизија, со цел навремено и транспарентно информирање на сите учесници во изборната кампања, а во врска со обврските кои произлегуваат од одредбите на Изборниот законик и Ревидираниот роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје 2021 година, донесен од Државната изборна комисија, информираше и укажа на законски пропишаните обврски предвидени за секој од учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021 година. Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок. Извештаите можат да се достават до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2. Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно dzr@dzr.gov.mk испратен од емаил адресата на учесникот во изборната кампања која што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од ДЗР. 

Можеби ќе ве интересира

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?