26 Април, 2024
0.0325

Револуција во ГТЦ! Колкав профит донесе „сатарот“ за партиски вработувања?

Објавено во: Економија 25 Април, 2023

Добивај вести на Viber


Голем пресврт кај државната фирма која последен пат беше актуелна пред неколку години во политичката пародија „Го гушкаме ГТЦ“ ! Последниот финансиски резултат за првиот квартал ветува дека ГТЦ може да го врати стариот сјај и беспрекорната репутација од минатиот век. Особено затоа што податоците од финансискиот биланс укажуваат на револуција во работењето на државна фирма! ГТЦ во првиот квартал ги скратил трошоците за вработените за 34%!!!

Градскиот трговски центар (ГТЦ) Скопје оствари добивка од 130.000 евра за период од 100 дена работа од почетокот на годинава до крајот на март. Ова е вест која заслужува внимание.

ГТЦ веќе подзаборавената државно поседувана компанија за издавање и одржување деловен простор народски кажано „се враќа од мртвите“. Финансискиот резултат е спектакуларен и е за почит. Очигледно дека менаџментот на компанијата сериозно, ангажирано и посветено ја бркал својата работа во периодот што измина.

Верувале или не, ГТЦ во првите три месеци годинава има просечен дневен профит од 1.300 евра!

Особено затоа што сме соочени со негативно економско опкружување креирано од галопирачката инфлација, бројни бизнис неизвесности чиј катализатор се пред се цените на нафтените деривати, природниот гас и на струјата.

Во услови кога во ГТЦ има дуќани „кои зјаат празни“ менаџментот успеал да ја консолидирана состојбата да ги оптимизира ресурсите и да ги намали трошоците за 8 отсто односно за 75.000 евра во споредба со истиот квартал лани.

И при тоа успеа да ги зголеми приходите за 5 отсто. За првите три месеци ГТЦ успеа на ја надмине психолошката бариера и оствари приход што надмина еден милион евра. 

Најголемата трошковна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци за кои компанијата издвоила 623.000 евра или 11 отсто повеќе од лани. За своите вработени друштвото исплатило 265.000 евра што е за 34 отсто помалку од истиот период лани. Ова значи дека ГТЦ клучната разлика ја направил со кастрење на трошоците за вработените. Тоа може да значи три работи: едната е намалување на платите за целиот колектив, другата е намалување на бројот на вработени и трета е комбинација од двете претходни варијанти.

Како и да е доколку компанијата продолжи со истото работење и успее да одолее на партиските притисоки кои државните и јавни претпријатија ги гледаат како места за „ухлебување“ партиски кадри, сигурно дека позитивниот резултат нема да изостане. 

Само за дополнување на контекстот: лани ГТЦ годината ја заврши со загуба од 650.000 евра, претходната 2021 година беше во загуба од 581.000 евра, а во 2020 година „дупката“ беше околу 660.000 евра.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија