Револуција во Словенија: Биткоинот го претвораат во евра!
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2015 11:15
Словенската стартап компанија „Cashila“ е прва во светот која добила банкарска лиценца за конверзија на дигиталната валута биткоин во евра.
Со помош на биткоинот, „Cashila“ планира да воведе конукренција во SWIFT системот, извести РТВ Словенија, а пренесува регионалниот портал Seebiz.
Најголем дел од парите во светот постојат само во електронски облици на банкарски сметки, готовина сочинуваат само неколку проценти. Финансиските текови во таа смисла би можеле да патуваат многу брзо, наведуваат од таа компанија.
Објаснуваат дека се случува да физичкиот поштенски пакет од Љубљана до Истанбул да стигне побрзо отколку трансфер од словенска банкарска сметка во Турција. Помеѓу нив е глобалниот систем SWIFT, задолжен за меѓубанкарска финансиска комуникација, различно работно време на институциите, различни методи за проверка на идентитетот и спречување на перење пари како и поврзани трошоци.
Двајцата Словенци, Тим Митја Жагар и Јани Валјавец, велат дека пронашле начин значајно да се намалат трошоците на меѓународните дознаки , како и траење со помош на дигиталната валута биткоин.
Услугата уште ја развиваат, но засега останува фактот дека нивната фирма „Cashila“ во моментот е единствена во светот со лиценца за извршување на банкарски трансакции по пат на биткоин за подрачјето на SEPA
Лиценцата ја издала чешката централна банка и се однесува на 28 земји од ЕУ, како и за Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија, Монако и Сан Марино.
Услугата, како наведуваат, е корисна и за државјани на третите земји кои (т.е. надвор од Европа) работат за европски фирми и сакаат заработката што порано да ја добијат во својата земја. Клиентот платата ја дозначува на адреса на корисникот кај „Cashila“ , а потоа примателот на биткоини во матичната земја виртуелните пари ги менува за локална валута.
Долгорочната визија уклучува филијали на „Cashila“ во неевропските земји и партнерски компании, при што Словенците прва таква испорака најавуваат во Јужна Кореја а потоа и во некои афрички земји.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




