16 Јануари, 2025
0.0281

Резултати од референдумот: Мнозинството против СПУКМ да биде невладина

„Нашиот петти октомври е нашиот подарок за македонската демократија. Нашиот петти октомври е нашиот модел за Република Македонија“, споделија од Пленумот.

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На денешниот референдум кој го организираше „Студентскиот пленум“ излегле вкупно 2.767 студенти од кои 2.615 гласале „не“ за Студентскот парламент да остане невладина организација. На првиот студентски референдум на УКИМ со „да“ за СПУКМ да остане невладина организација гласале 137 студенти, додека неважечки ливчиња имало 15.

- Денес студентите успеаја да покажат зрелост и капацитет за одбрана на студентското достоинство. Петти октомври од денеска е ден на студентското ослободување од стегите на корумпираниот систем и репресивниот апарат. Студентите денеска ја реанимираа демократијата како концепт во нашето општество и ја врати солидарноста како примарна вредност на фронтот, вредност која не обединува во нашата бескомпромисна борба, изјавија по пребројувањето на гласовите од „Студентскиот пленум“.

- Резултатите од овој референдум се основата за сеопфатната реформа во студентското организирање. Студентската волја денеска е артикулирана и останува да биде испочитувана. Според нас тоа е нивната единствена опција. Студентите денеск посадија надеж онаму каде што бевме убедувани дека ја нема. Нашиот петти октомври е нашиот подарок за македонската демократија. Нашиот петти октомври е нашиот модел за Република Македонија“, велат уште од Пленумот.

Доколку сенаторите постапат по барањето на студентите и СПУКМ стане дел од Универзитетот, студентите ќе имаат контрола над парите на Парламентот и на сите негови одлуки, со што, како што велат од Студентскиот пленум, ќе се сопре самоволието на СПУКМ.

Студентскиот пленум ќе одржи заеднички состанок на кој ќе бидат поканети сите студенти и каде заеднички ќе се одлучува за идните активности. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби