28 Април, 2024
0.0286

Рикер повторно во Македонија: За надминување на спорот клучно беше лидерството

Објавено во: Македонија 04 Март, 2019

Добивај вести на Viber

За надминување на спорот за името помеѓу Скопје и Атина, кој навидум не можепе да се реши, клучно беше лидерството, смета идниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер.

Посочи дека грчкиот премиер Алексис Ципрас и премиерот Зоран Заев, како и шефовите на дипломатиите на двете земји се заслужни за ова историско постигнување и верува дека и останатите лидери на Западен Балкан ќе земат пример од ова искуство.

Поранепниот амбасадор на САД во Македонија во обраќањето на тема „Економскиот развој и регионалните односи во Југоисточна Европа“ во рамки на проектот „Балкан 360“, во организација на Германскиот Маршалов фонд, истакна дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, кон НАТО и ЕУ. 

Политичкиот советник на командантот на Европската воена команда на Воените сили на САД се осврна на клучните предизвици на западнобалканските држави и на американската поддршка во напорите на овие земји да станат дел од Европа.

– Како поранешен офицер за односи со јавност и подоцна американски амбасадор во Скопје пресреќен сум што сум тука. Особено е значајна мојата посета сега, бидејќи Северна Македонија презеде чекор напред кон нејзиното вистинско место во Европа и НАТО. Како што знаете се враќам во Вашингтон за некоку недели да застанам на чело на Бирото за европски евроазиски прашања како помошник државен секретар, рече Рикер.

Рикер оцени дека 27 години заемната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот на земјата напред.

– Од мое лично искуство можам да ви кажам дека ова прашање беше исклучително комплексно и многумина го сметаа неподносливо. Да се дојде до оваа точка не беше лесно. Лидерите повеќепати сакаа да се откажат од процесот и да одат напред. Успехот на Преспанскиот договор е доказ дека со посветената работа и компромис може да се постигне решение и за тоа е клучно лидерството, рече Рикер.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата