РК Вардар ја нападна МРТ по големата победа
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018
За жал, големиот триумф на Вардар во Франција не можеа да го следат сите љубители на ракометот и навивачи на „Црвено-црните“, поради тоа што ниту една национална македонска телевизија не ги откупи правата за Лигата на шампионите.
Само дел од македонската јавност можеше да ужива во мајсториите на вардаровите ракометари, поради тоа што пренос имаше единствено на Арена 4 спортскиот канал.
Поради тоа, од раководството на македонскиот ракометен гигант удрија по националниот сервис. Директорот на Вардар, Марко Савовски преку социјалните мрежи ги нападна одговорните од МТВ за нивната одлука да се откажат од ТВ правата за Лигата на шампионите.
„Монпеље – Вардар 24:27. Посебен поздрав до одговорните од МРТВ, бидејќи одиме во надолна линија и нели нема потреба да ги пренесувате натпреварите на РК Вардар. П.С. Чувајте си ги парите за мексикански сапуници“, напиша Савовски на Фејсбук.