27 Април, 2024
0.0285

РКЕ ДАЛА ЛИЦЕНЦИ НА 486 ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ: Ќе се задоволат потребите на близу 100 илјади домаќинства

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за една година и пет месеци, од јануари 2022 година до 31 мај 2023 година, има издадено лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW. Со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.

„Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра