26 Април, 2024
0.0285

РКЕ: Компаниите не доставија анализи зошто бараат зголемување на маржите за нафтените деривати

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја известува јавноста дека пред да биде донесена Одлука за густини и маржи на нафтените деривати во текот на месец август од страна на поголемите трговци беа доставени одделни барања за промена за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. 

„Единствена причина поради која беа поднесени барањата за зголемување на маржата е за да им се врати ликвидноста која им е ослабена поради намалената потрошувачка на нафтените деривати. Од страна на компанијата Макпетрол АД Скопје беше доставена споредбена анализа за трендот на потрошувачката од првите месеци од 2020 во споредба со истиот период од 2019 година. Од страна на другите компании немаше доставено анализа, само доставија барање за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. РКЕ ги разгледа сите барања и согласно своите законски надлежности закажа консултативен состанок со сите баратели во август 2020 година. На состанокот беа дискутирани барањата и од страна на РКЕ на компаниите им беше побарано да се достават анализи кои ќе ги поткрепат нивните барања. До моментот на носење на одлуката, анализи не беа доставени. Инаку, со донесената Одлука за густини и маржи на нафтените деривати се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и доколку РКЕ постапеше по барањата на трговците за зголемување на маржата, тоа ќе значеше зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над 2 денари по литар. Во однос на енергетските компании кои се во делот за електрична енергија Ве информираме дека на одржаниот координативен состанок меѓу другото дискутиравме и за финансиската состојба и од последните доставени шест месечни извештаи до РКЕ се регистрираат негативни резултатите од работењето, иако компаниите со максимални напори настојуваат тие загуби колку е можно да бидат помали. Факт е дека поради пандемијата последиците се рефлектираат и во економските биланси. За санирање и амортизација на последиците, во однос на антикризни мерки ве упатуваме кон креаторот - Владата на РСМ“, стои во реакцијата. 

Велат дека остануваа отворени за соработка во рамките на нивните надлежности и во моментот кога и доколку стигнат анализи, повторно од страна на РКЕ ќе биде разгледано ова прашање и ќе се донесе соодветна одлука. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката