01 Мај, 2024
0.0356

Роберт Поповски: Ќе ставиме крај на пропагандата во медиумите со сериозни реформи

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Роберт Поповски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија на денешната конференција #ReforMediaMk со поддршка на ЕУ и Македонскит институт за медиуми вети дека при носењето на реформите со кои ќе се подобри состојбата на медиумите ќе се развие широка дебата со цел да се најдат најдобрите решенија иако веќе добро се знаат сите недостатоци кои се таложеа во изминатиот период.

- Сме имале многу дебати во минатото, но се надевам дека од оваа дебата во иднина ќе почнеме да ги решаваме проблемите. Каква е состојбата во Република Македонија околу слободата на говорот, слободата на изразување, начинот на функционирање на медиумите и новинарите, не треба многу да се констатира, констатиравме. Знае домашната јавност, знаат оние што работат во медиумската индустрија, констатирано е во меѓународните  извештаи на фридом-хаус репортери-без граници. Ние сме на дното. Тоа  е состојба која што е навистина трогателна и која што не ја заслужуваат ниту граѓаните на Република Македонија, ниту професионалците во новинарската професија и во медиумската професија, посочи министерот без ресор Поповски. 

Министерот, а поранешен новинари, посочи дека мора да се воведе целосна промена на МРТВ како јавен радиодифузер кој треба да ги штити интересите на граѓаните и да не биде во рацете на партиската пропаганда. Ќе овозможи и поголема независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности, како и остварување на ветувањето дека Владата нема да троши пари за непотребни кампањи со кои одредени медиуми се фаворизираа, а други ставаа во незавидна положба.

- Уште една многу значајна клучна работа која што денеска ќе ја повторам а е кажана во предизборните ветувања, тоа е дека оваа Влада нема да троши буџетски пари за комерционално рекламирање. Значи нема повеќе авантури од типот од милионски суми на пари за некакви чудни проекти што минатата Влада ги пропагираше. Нема привилегирани медиуми кои што  ги добиваат парите итн, итн. европските искуства се различни, а укажувањата од Европска Унија се дека доколку има владино рекламирање тоа треба да почнува врз многу прецизни и конкретни критериуми, меѓутоа со оглед на искуството во последните 11 години сметаме дека во овој момент е најдобро да нема буџетско рекламирање. Нема зошто пари од буџетот да се трошат за реклами. Она што Владата има потреба да го презентира како информација од јавен карактер или од јавен интерес тоа ќе го прави на јавниот сервис бесплатно, тоа се соопштенија, тоа се тејлопи итн. и јавниот сервис ќе има обврска тоа да го објави. Тука нема комерцијална трансакција. Јас ќе бидам многу среќен доколку покрај Владата и државните институции ваквата практика ја применат и локалните единици, единиците за локална самоуправа, бидејќи тие не се составен дел на Владата, меѓутоа сепак би било добро тоа да биде синхронизирано на сите нивоа, рече Поповски.

Министерот Поповски заклучи дека пропагандата мора да заврши во сите приватни медиуми и да се овозможи објективно и професионално информарање на граѓаните со критички осврт на власта и политичките субјекти.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија