26 Април, 2024
0.0363

Родителите на учениците кои се запишуваат во скопската гимназија „Орце Николов“ на протест пред Влада

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Родителите на учениците кои се пријавиле во јунскиот уписен рок во скопската гимназија „Орце Николов“ излегоа на протест пред Владата затоа што не сакаат нивните деца вонредно да полагаат квалификациски тестови.

За упис во ова среднио училиште има убедливо најголем интерес кај новопечените средношколци во цела Македонија и за слободни 285 места се пријавиле дури 330 ученици со сите петки, односно со максимален успех во основните одделенија. Токму поради тоа Министерството за образование мораше да воведе некаков критериум за нивна селекција и решението падна на квалификациско тестирање, што не им се допадна на родителите.

- Сигурен сум дека владини претставници ќе ги примат родителите на состанок, а потоа за донесените заклучоци од средбата ќе биде навремено известена јавноста - рече Мухамед Хоџа, портпаролот на Владата.

Токму поради тоа, ова средно училиште ќе биде единственото кое ќе воведе полагање на квалификационен тест за да се направи селекција. Ваквиот критериум се во ведува за прв пат после многу години.

Пред два дена беше донесена одлука тестирањето да се спроведе во петок, откако ќе се направи ранг листа, и на наставнички совет ќе се утврди фактичката состојба. Учениците со сите петки во петок ќе полагаат македонски јазик и математика, а тестовите ќе ги прави Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието. Резултати ќе се објават истиот ден.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“