26 Април, 2024
0.0353

Ројтерс: Грција го укинува карантинот за земјите членки на ЕУ, Израел, САД, Британија, Србија и ОАЕ

Објавено во: Балкан 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber


Грција планира да ги укине карантинот следната недела за патниците од Европската унија и уште пет други земји. Веста за Ројтерс ја потврди висок владин функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Според него, на граѓаните од ЕУ, САД, Велика Британија, Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати ќе им биде дозволено да патуваат во Грција преку аеродромите во Атина, Солун, Ираклион, Ханоти, Родос, Миконос, Санторини, Крф и два земни гранични премини.

Патниците од овие земји нема да бидат ставени во карантин, доколку имаат сертификат со кој се докажува дека примиле две дози вакцина COVID-19 или покажат негативен молекуларен тест (PCR) направен 72 часа пред нивното пристигнување. Во март властите го укинаа карантинот за израелски патници кои ги исполнуваат овие услови.

Министерот за туризам, кој потврди во парламентот дека Грција ќе го отвори својот туристички сектор на 14 мај, реферираше за разговорите што ги водел со многу балкански земји за пристигнување на туристи, покрај Албанија, Косово и БИХ. „Посетив многу земји во последните неколку недели и повеќето - ако не и сите - беа заинтересирани за Северна Грција, имено Романија, Србија. „Разговарав и со министерот за здравство на Северна Македонија за детално да го објаснам нашиот план како повторно ќе го отвориме туризмот и секако како тоа ќе се случи на границите меѓу нашите земји“, рече министерот Харис Теохарис.

Во меѓувреме, според министерот за вработување, ќе започне процесот на вакцинација за туристичките работници, особено на островите. Секој вработен во продавници за малопродажба, супермаркети, самопослуги, испорака, козметички салони, фризери и услуги за коцкање и обложување ќе добие бесплатен тест секоја недела и доколку се покаже дека е негативен, ќе продолжи да работи, во спротивно ќе се следи познатата постапка и ќе има парични казни за оние кои не пријавуваат позитивни случаи.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице