16 Јануари, 2025
0.0687

Рокот за регистрација на чамци истекува на 3 септември, поднесени 137 барања

Објавено во: Македонија 17 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупно 137 барања за регистрација на чамци на Охридското Езеро се поднесени согласно новиот Правилник за внатрешна пловидба на охридската Капетанија. Од нив, 95 се веќе прегледани и се очекува наскоро да добијат решенија. Крајниот рок за регистрација на пловните објекти истекува до 3 септември, соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска ја посети Капетанијата. „Не планираме да го пролонгираме рокот, бидејќи се работи за многу едноставна процедура која не е скапа. Ги повикувам сите оние кои тоа досега не го сториле, да поднесат барање до Судот за легализација на чамците“, рече Јанакиески, нагласувајќи дека институциите очекуваат околу 200 барања до крајниот рок. Горан Устијаноски, раководител на Капетанијата на пристаништата во Охрид, рече дека состојбата со водниот сообраќај во езерото е на задоволително ниво, а инспекторските служби посветуваат внимание на секој пловен објект. „Засега немаме поголеми проблеми при спроведување на тие инспекциски контроли, а оние прекршоци кои досега ги имаме изречено се во рамките на очекуваното“, рече Устијаноски. Јанакиески, кој денеска е во работна посета на Охрид, се интересирал и за ефектите од воведувањето на чартер бродската линија Охрид - Поградец, при што од надлежните добил информации дека досега во осум тури на оваа линија се превезени 630 патници. Засега немаме поголеми проблеми при спроведување на тие инспекциски контроли, а оние прекршоци кои досега ги имаме изречено се во рамките на очекуваното

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби