Романија купува скапи ракетни системи од САД
Објавено во: Свет 19 Август, 2017
Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на мобилни артилериски ракетни системи на Романија, објави Ројтерс.
Вредноста на овие системи ќе изнесува 1,25 милијарди долари, соопшти Агенцијата за соработка во одбраната.
Пентагон го информираи Конгресот за можната продажба. Компанијата, која е главен изведувач на договорот, е Локхид Мартин. Романија сака 54 високо-мобилни артилериски ракетни системи, како и секоја дополнителна опрема што може да биде потребна за нив.