20 Декември, 2025
0.0483

Романија во тридневна жалост за загинатите жртви од дискотеката во Букурешт

Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2015 12:32

Добивај вести на Viber

Романија објави тридневна жалост за загинатите во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Букурешт, што е најголемата трагедија во последните години во земјата. Жалоста започнува од денес.

27 лица загинаа, а околу 200 беа повредени во инцидентот. Повеќето од жртвите и повредените се млади луѓе и тинејџери.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/twX0JHW0WLM[/embed]

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека е шокиран од трагедијата. "Јас сум шокиран и длабоко не растажи од трагедијата што се случи вечерва во центарот на градот. Тоа е многу тажен момент за нашата нација ", напиша претседателот на страницата на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените и ги увери дека ќе добијат целосна поддршка од "оние кои учествуваат во спасувањето".

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/31/video-foto-18-eksplozija-vo-klub-vo-bukuresht-nastradaa-26-mladi-litsa-povredeni-nad-180/" target="blank" ](ВИДЕО-ФОТО 18+) ЕКСПЛОЗИЈА ВО КЛУБ ВО БУКУРЕШТ: Настрадаа 26 млади лица, повредени над 180![/button]

17 од 27-те жртви загинаа во пожарот за време на концерт во ноќен клуб во Букурешт, се уште не се идентификувани, објавија романските медиуми. Повеќето од младите кои биле на концертот на метал групата Goodbye to Gravity, не носеле документи за лична идентификација.

Властите не посочуваат каква е националноста на идентификуваните жртви или повредени. Претходно беше објавено дека меѓу загинатите и повредените има и странци.

Како што соопштивме претходно експлозија на пиротехнички средства употребени за време на концертот, предизвика силен пожар во клубот "Колектив", кој се наоѓа на подземен кат во зграда во центарот на главниот град на Романија. 27 лица загинаа, а 142 остануваат во болниците во кои се прифатени.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација