Розова поддршка за жените кои се борат со ракот на дојка (ГАЛЕРИЈА)
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2016
Повеќе од 1.000 граѓани од цела Македонија, меѓу кои и многу жени кои што во моментов се борат или веќе се избориле со рак на дојка, денеска со традиционалната розова прошетка и трка во Градскиот парк во Скопје им изразија поддршка на сите заболени од овој вид канцер.
Хуманитарната манифестација „Напред розово“ се организира по осми пат, а сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ за различна помош на болните од овој вид канцер.