РС: Повеќе пензионери од работници?
Објавено во: Балкан 23 Август, 2013
Според се судејќи, бројот на пензионерите го надмина бројот на работниците во Република Српска, иако зависно од институција до институција податоците за бројот на вработените се различни.
Имено, заклучно со јули оваа година во РС имало 241.300 пензионери, меѓутоа податоците за бројот на вработените се разликуваат и се движат од 238.000 до 275.594.
Со податоците за 238.000 вработени работници во РС се служат во Републичкиот завод за статистика, Стопанската комора на РС и повеќе институции, додека во Фондот РИО на РС, повикувајќи се на податоците на Даночната управа на РС, тврдат дека во РС има 275.000 вработени лица, па размерот на вработените во однос на пензионерите е 1 према 1,16.
Со податоците на Заводот за статистика се согласуваат и во Сојузот на синдикати на РС и Здружението на пензионери на РС, истакнувајќи дека Фондот РИО на РС располага со податоци за плаќачи на данок каде често има случаи еден човек да плаќа придонеси по повеќе основи како што е случај со членовите на управните или надзорните одбори.
- Не ги спориме податоците од Заводот за статистика во РС и другите институции, но ние располагаме со податок од 275.594 вработени и тие се преземени од Даночната управа на РС, каде се вршат пријави и одјави на вработените и тоа за нас е најрелевантен податок – рече Тихомир Јоксимовиќ портпарол на Фондот РИО на РС, додавајќи дека во тој број има редовни плаќачи на придонеси и околу 40.000 до 50.000 нередовни.
Во бројката од околу 275.000 вработени, како што дознаваме неофицијално, голем број се такви кои само формално се водат како вработени, но кои со години немаат никакви примања и главно се работи за лица кои се вработени во поранешни гиганти кои денес практично не постојат.
Некогаш бројот на пензионерите е поголем од бројот на работниците, а некогаш спротивно, вели Мишиќ. Од Сојузот на синдикати на РС велат дека вистинската бројка е околу 238.000 вработени и дека еден човек, без разлика по колку основи плаќа придонеси, се води како еден вработен.
- Нашиот податок е дека имаме еден вработен и еден пензионер и тоа варира во корист на едните или другите, т.е. некогаш бројот на пензионерите е поголем од бројот на работниците, а некогаш спротивно, но тоа се мали отстапки – рече Ранка Мишиќ, претседател на Сојузот на синдикати на РС.
Таа истакна дека Фондот РИО на РС нема иднина во задолжување за исплата на пензиите па Владата на РС мора да го зголеми бројот на вистински вработените лица и да се пресмета со сивата зона, т.е. со тие кои работат а не се пријавени.
Во Здружението на пензионери на РС сметаат дека во РС има повеќе пензионери од работници, иако имаат официјален податок дека околу 252.000 луѓе редовно плаќаат придонеси.
- Верувајте дека има повеќе пензионери од работници, иако официјално тоа не е така, но во стварноста е така. Реформите на пензискиот систем донекаде ги спречија некои трендови кои порано беа луѓето со 35 години да одат во пензија, но штетата е направена и е непоправлива – потенцира Раде Ракуљ, претседател на Здружението на пензионери на РС, додавајќи дека никаде во светот нема таква состојба, бројот на пензионерите да е поголем од бројот на работниците.