26 Април, 2024
0.0280

РУБЛЈАТА СÈ ПОЈАКА-ДОЛАРОТ „ПАДНА“ ПОД 60 РУБЉИ НА МОСКОВСКАТА БЕРЗА: Руската валута годинава зајакнала заповеќе од 24 отсто

Објавено во: Економија 20 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Рубљата досега оваа година зајакна за повеќе од 24 отсто и покрај економската криза, станувајќи најуспешна светска валута во однос на перформансите на пазарот. Рубљата денеска продолжи да расте во однос на доларот на Московската берза, при што американската валута падна под нивото од 60 рубљи за прв пат од април 2018 година.

Во тргувањето до 7:33 часот по средноевропско време, рубљата зајакна за повеќе од 3,0 отсто на 59,81 рубљи за долар, пренесува Ројтерс. На почетокот на руската агресија врз Украина, руската рубља драстично ја загуби својата вредност. Но, во моментов вредноста на таа валута е толку висока колку што не била од 2017 година. Според рускиот економист Сергеј Суверев од интернет порталот Медуза, рубљата е „вештачки“ зајакната со голем број мерки, вклучително и ограничувањата на девизната трговија што ги воведе Централната банка.

-Помогна и силниот пораст на каматите, поради што многу граѓани штедат во рубљи, а не во девизи. Есконтната каматна стапка во моментов е 14 проценти. Кон крајот на февруари Централната банка значително ја зголеми дисконтната стапка од 10,5 на 20 отсто. Затоа, многу банки нудат високи годишни каматни стапки за заштеди во рубљи од околу 10 отсто, додека за штедење во евра или долари не добивате речиси ништо, појаснува економистот.

Но, рекордниот суфицит се смета за главна причина за силниот девизен курс. Русија заработува милијарди девизи од извозот на нафта и гас, кои воопшто не можат да се потрошат. Бидејќи увозот на многу стоки од Запад падна, земјата ги собра своите приходи во евра и долари. Затоа рускиот претседател Владимир Путин на 1 април воведе исплата на гас во рубли за Европејците - затоа што Русија не може да купи ништо за девизи, вели шефот на Кремљ.

ФОТО: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија