07 Ноември, 2024
0.0273

РУСИ: Војната меѓу САД и Северна Кореја сега е реална и многу опасна

Објавено во: Свет 30 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во извештајот подготвен од Кралскиот институт за безбедност на Велика Британија (РУСИ) се вели дека војната меѓу САД и Северна Кореја сега е реална и многу опасна опција. 

Во анализата, објавена од весникот „Индипендент“, се вели дека војната нема да биде „хируршки прецизна”, туку „крвава и долга”. РУСИ додава дека „во случај на напад на било која од двете земји, целиот свет би имал максимално неколку часа да одлучи како ќе одговори на таа кризна ситуација“.

„Војната меѓу Северна Кореја и САД веројатно ќе резултира со убивање и ранување на стотици илјади луѓе. Тоа би значело голема инвазија на Северна Кореја, како и застрашувачки ефект врз целиот регион“- пишува во извештајот на британскиот институт.

Директорот на Институтот, Малколм Чалмерс изјави дека војната би можела да ја започне било која страна, но „многу веројатно е дека Доналд Трамп би можел да одлучи да го реши проблемот порано, а не подоцна“.

Британскиот институт во извештајот изложил неколку начини за почеток на војната.

Како што пишува „Индипендент“, Вашингтон може да биде испровоциран да нападне доколку севернокорејски ракети паднат во близина на Калифорнија или Гуам, американски територии во Тихиот Океан.

„Доколку Северна Кореја поверува дека САД ќе извршат „превентивен напад“, Ким Џонг-ун би можел да нереди напад“ - вели Чалмерс.

Војната со зборови на реалција Вашингтон-Пјонгјанг, која трае повеќе месеци, постепено го турка светот кон судири. Наместо да ги смируваат тензиите, лидерите на двете земји уште повеќе ги потпалуваат.

Можеби ќе ве интересира

Дали принцот Хари се соочува со депортација по изборот на Трамп за претседател на САД?; „Непростливото предавство“

Дали принцот Хари се соочува со депортација по изборот на Трамп за претседател на САД?; „Непростливото предавство“

ДАЛИ ЛИНДНЕР ЈА ИЗГУБИ РАБОТАТА ПОРАДИ ОВОЈ ДОКУМЕНТ? еве каков план имаше за економијата на земјата

ДАЛИ ЛИНДНЕР ЈА ИЗГУБИ РАБОТАТА ПОРАДИ ОВОЈ ДОКУМЕНТ? еве каков план имаше за економијата на земјата

СЕ ОГЛАСИ ПРВАТА ДАМА НА САД: Еве што и порача Меланија Трамп на нацијата

СЕ ОГЛАСИ ПРВАТА ДАМА НА САД: Еве што и порача Меланија Трамп на нацијата

Од политичка кома до најголемиот камбек - Клучни фактори за победата на Трамп

Од политичка кома до најголемиот камбек - Клучни фактори за победата на Трамп

„СИН НА ПОЗНАТИОТ ТАЈКУН, ВЛЕЗЕ ВО ПОЛИТИКАТА И ГО ПОЛУДЕ СВЕТОТ“: Еве кој е Доналд Трамп

„СИН НА ПОЗНАТИОТ ТАЈКУН, ВЛЕЗЕ ВО ПОЛИТИКАТА И ГО ПОЛУДЕ СВЕТОТ“: Еве кој е Доналд Трамп

КОЈ ОТВАРА ШАМПАЊ, А КОЈ ПЛАЧЕ ЗАРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Прослави во Москва и Будимпешта, Киев на колена: „Ова е најлошиот кошмар!“

КОЈ ОТВАРА ШАМПАЊ, А КОЈ ПЛАЧЕ ЗАРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Прослави во Москва и Будимпешта, Киев на колена: „Ова е најлошиот кошмар!“

„ПРИЗНАВАМ ПОРАЗ, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ОД БОРБАТА ШТО ЈА ВОДЕВ“: Харис им порача на поддржувачите да ги прифатат изборните резултати

„ПРИЗНАВАМ ПОРАЗ, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ОД БОРБАТА ШТО ЈА ВОДЕВ“: Харис им порача на поддржувачите да ги прифатат изборните резултати

СЕ РАСПАЃА ВЛАДАТА ВО ГЕРМАНИЈА?! - Олаф Шолц го смени министерот за финансии - коалицијата пука поради спорот со Линднер

СЕ РАСПАЃА ВЛАДАТА ВО ГЕРМАНИЈА?! - Олаф Шолц го смени министерот за финансии - коалицијата пука поради спорот со Линднер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трамп победи на изборите во САД, повеќето лидери му честитаа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трамп победи на изборите во САД, повеќето лидери му честитаа