Русија алармира: ИД носи експлозиви кон Палмира!
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2017
Борци на групата „Исламска држава" превезуваат експлозив кон Палмира, за да нанесат максимална штета на архитектонските споменици, пред да се повлечат од древниот сириски град, предупреди денеска руското Министерство за одбрана, цитирано од агенциите.
Руски беспилотни летала регистрирале активно движење на камиони во реонот на Палмира брзо по успешната офанзива на сириските владини сили, се вели во соопштението.
„Исламска држава" го зазеде за првпат древниот град во кој има голем број на предмети од светското културно наследство на УНЕСКО, во мај 2015 година, но беше прогонета од него во март 2016 година од страна на сириската армија со руска поддршка од воздух. Во декември терористичката група сепак ја зазеде повторно Палмира“ - стои во соопштението.
Џихадистите веќе уништија голем број споменици во градот, кој се наоѓа во пустината во Централна Сирија.