Добивај вести на Viber
Наместо досегашните 67 базни дозволи за превоз на стоки, Русија за следната година и додели само 16 на Македонија. Бројот е четири пати помал од досега.
Намалувањето на бројот на возила кои ќе можат да превезуваат стока кон Русија негативно ќе влијае на превозниците, тврдат тие. Според генералниот секретар на Макам-транс Билјана Муратовска, ова е доказ дека Македонија станува колатерална штета во спорот меѓу Русија и Европа.
„Ембаргото што Русија го воведе кон Европската Унија подразбираше и укинување на голем број дозволи. Освен земјите од Европската Унија и ние сме погодени“, вели Муратовска.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека решение ќе се бара преку директни преговори со Руската Федерацијаза целосна либерализација на билатералниот транспорт.
Денеска на електронската распределба беа доделени вкупно 1.220 ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 5 и 204 за возила со Еуро 6 стандарди, на 455 фирми за транспорт. Интересот кај превозниците е речиси двојно поголем.