18 Мај, 2024
0.0958

Русија ги запре испораките на гас за Полска

Објавено во: Свет 27 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Годишното снабдување на Полска од Гаспром е 10,2 милијарди кубни метри, што покрива околу 50 отсто од националната потрошувачка. Варшава претходно соопшти дека нема да има потреба да ги користи своите резерви и дека складиштето за гас е исполнето 76 отсто.

Русија ја прекина испораката на гас за Полска, објави во средата Ројтерс, цитирајќи податоци од мрежата на оператори за пренос на Европската унија (ENTSOG). Меѓутоа, откако испораките на гас паднаа на нула, снабдувањето продолжи, пренесува The Guardian. Протоците на физички гас низ гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска беа 3.449.688 kWh/h во 6:22 часот по средноевропско време (4:22 GMT), додаваат тие.

Уцена за Европа?

„Газпром“ претходно најави дека ќе ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија бидејќи тие не плаќале за гас во руски рубљи, како што е наведено во претходно издадениот указ на рускиот претседател Владимир Путин. Полска и Бугарија одбија, бидејќи тоа не е наведено во нивниот првичен договор со рускиот енергетски гигант. Украина ја обвини Русија дека ја уценува Европа поради енергетиката со цел да ги скрши своите сојузници во времето на руската офанзива во Донбас. Полска бара најстроги санкции против Русија од почетокот на руската инвазија на Украина, а најголемиот дел од бегалците од Украина штотуку го најдоа својот спас во Полска. 

Годишното снабдување на Полска за Гаспром е 10,2 милијарди кубни метри, што покрива околу 50 отсто од националната потрошувачка. Варшава претходно соопшти дека нема да има потреба да ги користи своите резерви и дека складиштето за гас е исполнето 76 отсто. Испораките од други правци ќе ги заменат оние на Гаспром, изјави полскиот министер за енергетска безбедност Пјотр Наимски, додавајќи дека договорот со Јамал завршува во декември. 

„Гасниот систем на Полска е избалансиран и клиентите можат да се чувствуваат безбедно“, рече Наимски, кој е речиси целосно зависен од увозот на руски гас. 

Од бугарското Министерство за енергетика посочуваат дека презеле чекори за обезбедување на алтернативно снабдување со гас и дека во моментов нема потреба од ограничување на потрошувачката на гас. Нивниот премиер Кирил Петков најави дека оваа недела ќе го посети Киев. 


Можеби ќе ве интересира

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години