РУСИЈА И САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ДОГОВОРИЈА - Цената на нафтата ќе се стабилизира
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2016
Во престолнината Ријад, претставниците на Саудиска Арабија и Русија се договорија да преземат мерки за стабилизирање на цената на нафтата со тоа што ќе се координираат и со останатите земји од ОПЕК, па имаат време за креирање план до 30 ноември кога ќе се одржи нов поширок состанок на кој се очекува унисоно решение.
Рускиот министер за енергетика Александар Новак посочил дека подготвени се за смрзнување на производството на нафта со тоа што очекуваат да им се приклучат повеќе земји. Неговиот саудиски колега Калид ал-Фаих потврди дека ќе се води координација со земјите производители од Голфскиот залиф со цел да се постигне заедничка политика и координација со Русија, како земја која има најголеми капацитет.
Падот на цените на нафтата придонесува за намалување на инвестициите во оваа област бидејќи самото оперирање веќе не е профитабилно, а големо негативно влијание има и врз еконимиите на земјите кои се потпираат на продажбата како Русија, Саудиска Арабија и останатите.