РУСИЈА И ЗАПАДОТ ПОЧНУВААТ БИТКА ЗА БАЛКАНОТ: Еве каде ќе биде главниот судир
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2017
Русија и Западот се борат за транспорт на гасот низ Балканот и за геополитичка агенда, пишува во својата анализа денеска Франс прес.
Иако Западот може да понуди повеќе бенефиции, членство во ЕУ и инвестиции, но Русија може да игра на картата на енергетиката.
Од вкупната енергетска потрошувачка, ЕУ четвртина троши гас, а Гаспром лани покрил третина од потребите на ЕУ.
Во иднина и на Балканот зависноста од гас ќе расте, анализира Франс прес.
Сепак се смета дека заради инфраструктура, засега Русија е ограничена на Балканот со влијанието кое би го имала со гасот.
Русија во октомври лани потпиша договор за Турски тек, со кој рускиот гас преку Црното море ќе стигне до Европа.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ неодамна при посета на Турција изјави дека Србија сака да се приклучи на овој гасовод.