28 Октомври, 2024
0.0246

РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Уште колку време руската економија може да ја финансира војната?

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Руската економија може да издржи уште неколку години војна. 

Washington Post (WP) објави дека големите трошоци на Кремљ за војната против Украина ја туркаат руската економија кон прегревање, но дека таа има доволно ресурси за да ја одржи војната уште неколку години.

Весникот забележува дека големите воени трошоци, вклучително и високите плаќања за окупаторската армија, придонеле за економскиот раст, како и високите плати и инфлацијата, бидејќи компаниите се принудени да одговараат на воените плати за да привлечат работници.

Економијата  делумно се прегрева бидејќи рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ги замени околу 20.000 војници месечно изгубени во тековната војна, покажуваат податоците на Институтот за проучување на војната во јуни. Регионалните гувернери нудат невидени бонуси за вработување за да привлечат персонал, при што регионот Белгород неодамна постави нов максимум, исплатувајќи 31.200 американски долари.

Неодамнешното истражување на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи покажа дека 82,8 отсто од компаниите се соочуваат со предизвици при регрутирањето на персоналот. Во меѓувреме, руската Федерална државна служба за статистика (Росстат) објави пад на стапката на невработеност на 2,4 отсто од јуни.

Во минатото, Русија се потпираше на мигрантите од Централна Азија за да ги пополни работните места со ниски плати; сепак, по терористичкиот напад вo Крокус, земјата депортираше десетици илјади од овие работници и воведе забрана за влез на многу други. Независните руски медиуми наведуваат дека значителен број печалбари се исто така мобилизирани да се борат во војната. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 2.5 години. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Сепак стагнира во однос на еврото

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Сепак стагнира во однос на еврото

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање

РЕФОРМИ ВО ХРВАТСКА: Ќе се зголеми границата за пензионирање

Вице Заев стана доминантен сопственик на акционерските друштва „Герас Цунев“

Вице Заев стана доминантен сопственик на акционерските друштва „Герас Цунев“

ФОЛКСВАГЕН ПУКА: Затвораат фабрики - „Никој не е безбеден“

ФОЛКСВАГЕН ПУКА: Затвораат фабрики - „Никој не е безбеден“

ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ АНГАЖИРАНИ НАД 750 ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ: Компанијата за досегашниот напредок:

ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ АНГАЖИРАНИ НАД 750 ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ: Компанијата за досегашниот напредок:

Коце Трајановски: Експропријацијата за Бехтел и Енка ќе заврши до Нова година

Коце Трајановски: Експропријацијата за Бехтел и Енка ќе заврши до Нова година

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДПОЛЖЕНА, А ЗЕМЈАТА СО НАЈМАЛ ДОЛГ ВО ЕВРОЗОНАТА Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве во каква финансиска состојба се земјите од Еврозоната

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДПОЛЖЕНА, А ЗЕМЈАТА СО НАЈМАЛ ДОЛГ ВО ЕВРОЗОНАТА Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве во каква финансиска состојба се земјите од Еврозоната

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола