РУСИТЕ ГО ИСТЕРАА СВОЕТО: Тргнува гасот од свечено отворениот Турски тек
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2020
Во Турција денес свечено се отвора делницата на гасоводот Турски тек, по кој од руската станица Анапе до турското место Кијиќој ќе оди по цевки под Црното море. Гасот веќе тргнал за Бугарија.
На свеченото отворање, според претходни најави на домакинот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствуваат голем број претставници, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Русија, инаку, почна да праќа гас во Бугарија, Грција и Северна Македонија по пат на новиот гасовод, објави во неделата бугарски Bulgartransgaz.
Рускиот Гаспром почна да испраќа околу 3 милијарди метри кубни гас за Бугарија, заменувајќи ја рутата која досега поминуваше преку Украина и Романија. Гаспром преку таа рута минатата година испорачал околу 3 милијарди кубици гас за Грција и околу 500 000 милиони за Македонија, пренесува агенцијата Хина.
Малинов рекол дека тие гасоводи, Трансбалканскит гасовод, сега не работат, но и додал дека се реверзибилни па би можеле да се користат за праќање гас на Романија, Молдавија и Украина ако се појави побарувачка. Русија инаку го гради Турски тек со две цевководи, а вкупниот капацитет е околу 31,5 милијарди кубни метри гас годишно. Првиот крак на гасоводот е наменет за снабдевање на домашниот пазар на Турција, а вториот за земјите од јужна и југоисточна Европа, додека капацитетот на секој крак од гасоводот е по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Вториот крак од гасоводот оди од Турција низ Бугарија преку Србија, а потоа понатаму до Унгарија, а во план е да се продолжи кон Словачка и Австрија. По пуштање на компресорските станици во Бугарија и Србија, ќе се обезбеди потребниот притисок за тој гас да тече кон Унгарија и понатаму до централно-европските гасни складишта.