Русите им враќаат на Американците - какви санкции им подготвија?
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Руските пратеници изготвија легислатива како одговор на новите санкции на САД, изјави заменик-претседателот на државната Дума, Иван Мелников.
Во нацрт-законот се предвидува забрана на увоз на стоки и услуги од САД и нивните сојузници во Русија, како и ограничување на економските врски. Думата за ова ќе расправа наредната недела. Мелников прецизира дека станува збор, меѓу другото, и за ограничување на увозот на софтвер изработен во САД, лекови што може да се набават на друго место, тутун и алкохол. Вклучена е и забрана за соработка со САД за нуклеарната енергија, ракетните мотори и авионското производство. САД на 6 месецов го замрзнаа имотот и воведоа финансиски рестрикции врз руски политичари и магнати за кои се верува дека имаат блиски врски со претседателот, Владимир Путин.