РУСИТЕ ВО СТРАВ: Ги плаши новиот потег на Калашников
Објавено во: Свет 20 Август, 2016
Рускиот произведувач на оружје Калашников на московскиот аеродром Шереметјев отвори продавница со сувенири каде ќе продава реплики од својата најпозната пушка АК-47.
Тука може да се купат сувенири, облека, торби, и други корисни работи“, наведува таа компанија во соопштението.
Исто така, ќе се продаваат пластични модели на оружје, како и маички со натписот „Јас го сакам АК“.
Оваа компанија 70 години ја снабдеваше руската војска со оружје.
Меѓутоа, најголемиот меѓународен аеродром во Русија изрази загриженост поради отворањето на продавницата која продава реплики од оружје во вистинска големина.