Руската амабасада не сака странски свити пред референдумот
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2018
Руската амбасада се огласи со ппорака на твотер, по гостувањето на Јенс Столтенберг, Себастијан Курц и Ангела Меркел во Скопје, која може да се протолкува дека на Москва не и се допаѓа доаѓањето на странски свити пред референдум,от на 30 септември за изјаснување за интеграција во ЕУ и НАТО преку прифаќање на преспанскиот договор.
Руската амбасада во Скопје прашува какви би биле реакциите доколку политичарите од Москва би го правеле тоа што го прават оние од Западот, иако граѓаните на референдумот не решаваат дали да се интегрираат во Русија, туку во ЕУ и НАТО.
По оваа логика секоја земја може да се залага за свои интереси во Македонија и секоја земја да води кампања против она за што се изјаснуваат граѓаните кај нас.
„Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на Македонија како да гласаат за референдумот. Интересно, што би било вакви ‘совети’ да дели официјален претставник на Русија“, стои во „твитот“ на руската амбасада.