19 Мај, 2024
0.0265

Руски медиуми со прогноза: Ќе има стагнација, ќе трае речиси 20 година

Објавено во: Економија, Свет 31 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Русија влегува во речиси 20-годишна стагнација поради која земјата конечно ќе заостане зад најголемите економии во светот, пишува „Независимаја газета".

Во најдобар случај Руската Федерација може да постигне економски раст од 2,1% годишно, но не и повеќе. И тоа не се проценки на странски аналитичари, туку рејтингот на руската влада, истакнува весникот, цитиран од BBC. Таква е според „Независимаја газета" долгорочната буџетска прогноза до 2034 година, поднесена во Државната дума заедно со проектот за федерален буџет за наредните три години.

Изданието пишува дека денешниот економски модел на Русија е осуден на пропаст, па дури и ако властите се обидат итно да остварат структурни реформи, во наредните децении ситуацијата нема радикално да се промени.

„Како што излегува, Владата потврди дека земјата ја чекаат речиси 20 години несовесен економски раст, кој при денешниот инвестициски глад е соодветно да го наречеме стагнација"- пишува весникот.

Владата потврдува и дека јазот меѓу Русија и другите најголеми економии во светот само ќе расте. 

Русија не ќе може да ги  надмине развиените земји, но нема ни да ги стигне. 


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?