18 Мај, 2024
0.0273

Руски медиуми: Турција тргна по опасен пат кон Султанатот

Објавено во: Балкан 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Најрадикалната политичка реформа во Република Турција во времињата на нејзиниот основач Кемал Ататурк му дава на државниот шеф Реџеп Таип Ердоган огромни овластувања, какви никој турски лидер немал речиси цело столетие, пишува "Комерсант" по повод неделниот референдум за уставни промени во азиската земја .

Консолидацијата на власта се одвива впрочем при поларизација на општеството - оние кои копнееја за "силна рака" постигнаа победа на референдумот со минимална предност, наведува весникот, цитиран од агенциите. Противниците на претседателот се плашат од понатамошно заострување на навртките во Турција - сметаат дека власта може да воведе смртна казна и да се откаже целосно од курсот кон интеграцијата во ЕУ, посочува весникот.

"Турција презеде опасен курс кон султанот", констатира во наслов "Независимаја газета". Референдумот доведе до позитивен одговор на локалните берзи и ја зацврсти локалната валута во однос на доларот. Но резултатот од гласањето, кој се очекува да ги прошири претседателските овластувања и правно да се забрза донесувањето на внатрешно и внатрешнополитички решенија, е тешко да биде оценет без стравување - експерти сметаат дека референдумот ќе ги зајакне експанзионистичките намери на Анкара, се вели во коментарот.

"Ердоган го постигна своето" и Турција се претвора во претседателска република, но тој "добива целосна власт над една поделена земја со растечки потенцијал за конфликти и насилство", предупредува политикологот Фјодор Лукјанов во "Росијскаја газета".

Турскиот економски бум остана во минатото. Стратегијата за зголемување на меѓународното влијание е под прашање - Анкара се заплеткала во односите и со своите соседи, и со големите сили. На европскиот правец гледаме акутно заемно допаѓање и нејасни закани. Исто и поделба во општеството - како по етнички (Курдите), така и по социјалните линии ", објаснува аналитичарот.

„Со каков авторитаризм на Ердоган се заканува Русија", расудува онлајн изданието "Нов ден". Уставниот референдум во Турција нема да влијае особено на надворешната политика на Анкара, но крие закана од внатрешна криза, вклучувајќи нов обид за државен удар. За Русија е поволна Турција да се оформи како силна држава која конечно ќе и сврти грб на Унијата, резимира електронскиот весник мислења на руски политички експерти, кои зборувале пред новинарите во Москва.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?