01 Јули, 2024
0.0282

Рускиот гас врти кон Кина! Кој ќе ја движи економијата на ЕУ?

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Дали Русија врти на исток? Ако се гледа текот на рускиот плин веројатно да. „Газпром“ гледано според продаденото количество ја заменува Германија, најголемиот европски потрошувач, со Кина... Како овој руски потег ќе влијае врз европската берза за енергенси и берзите на кои се тргува со акции на европските компании? Клучната ценовно чувствителна информација е дека најголемиот „маркет мејкер“ на енергетските пазари го губи интересот за Европа... Ќе направи ли тоа потрес во понудата на енергенси - спирала која делува како „ураган“?

На почетокот на зимските олимписки игри Русија и Кина, поточно двата енергетски гиганти: руски „Газпром“ и кинеската државната нафтена корпорација ЦНПЦ склучија договор за долгорочно снабдување со руски гас за потребите на Кина. Договорот е вреден над 100 милијарди долари, а годишно треба да се испорачуваат до 48 милијарди кубни метри гас за потребите на кинеската економија. Ова е еквивалентно на потрошувачката на Германија најголемиот клиент на „Газпром“ во Европа.

Во соопштението е наведено дека двете страни покажале дека се долгорочни стратешки партнери кои ќе продолжат да ја продлабочуваат нивната соработка. Пишува и дека минатиот месец е завршена студијата за исплатливост на новиот руски гасовод кон Кина кој ќе минува низ Монголија и има импознантно име (кое потсетува на рок-бенд „Моќта на Сибир 2“). Неговиот капацитет ќе биде до 50 милијарди кубни метри гас за потребите на Кина, најголемиот потрошувач на енергија во светот.
За економските врски меѓу двете земји е доволно ако се каже дека билатералната трговска размена Русија – Кина надминува 140 милијарди долари годишно.

Од друга страна Кина е најголем потрошувач на енергенски во светот. Најголем увозник на гас во Кина е Австралија со 39 отсто во 2021 година. Увозот од Австралија лани е намален за 5 отсто во однос на 2020 година. САД е втор по големина увозник на гас во Кина. Држи 12 отсто од целиот увоз на гас во Кина. Русија е на трето место со речиси 10 отсто од увозот. Но Русија има „џокер во ракав“. Нејзиниот гас пристига во Кина по земјен пат преку гасовод. Тоа е многу поевтин и подоверлив транспорт од поморскиот транспорт. А гасот од Австралија и од САД пристига со специјални бродови за транспорт на компресиран плин. 

Целото соопштение на „Газпром“ е достапно на следниот линк Gazprom News | Gazprom and CNPC Sign Agreement for Gas Supply to China via Far Eastern Route | Gazprom Export

Каква врска има ова со Европа?

За да се добие појасна слика треба да се напомене дека гасоводот „Моќта на Сибир“ е изграден за 3 години, а ставен во функција во ноември 2019 година. Оваа година Русија преку него на Кина ќе продаде околу 50 милијарди кубни метри. Со овој деловен потег Русија во значајна мерка ќе го неутрализира негативното влијание од можни санкции кои може да се наметнат врз снабдување со гас за Европа заради напнатата ситуација во Украина. Доколку за ист интервал Русија го изгради „Моќта на Сибир 2“ до 2025 година ќе имаме ситуација во која Кина ќе го апсорбира целиот руски гас што сега го троши Европа.

Сите земји на ЕУ , според официјална статистика на „Газпром“, во 2020 година потрошиле 120 милијарди кубици руски гас. Од тоа Германија 46 милијарди кубици, пред Италија со 21 милијарда, Австрија со 13 милијарди кубици, па Франција и Холандија со по 12 милијарди кубни метри природен гас.
Каква е економската краткорочна иднина на овие силни европски економии ако Русија престане да го дава гасот по сегашните цени или биде санкционирана и се прекине економската соработка? А имаат ли алтернатива европските земји за рускиот гас?

Ова се предизвици за чие решавање е ангажиран целиот бриселски врвен естаблишмент, но досега нема решенија...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?