17 Мај, 2024
0.0453

Руско МНР: Столтенберг нека види прво кој се мешал во Македонија

Објавено во: Свет 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Руското министерство за надворешни работи преку портпаролката Марија Захарова реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев дека мешањето од надворешни страни во Македонија е неприфатливо и се зачудени зошто не реагирал за големото мешање од западните сили за време на големата политичка криза.

– Посветивме внимание на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од 12 јуни, околу исходот од средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Челникот на НАТО истакна дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси е неприфатливо. Да зборуваме отворено, досега не сме слушнале генералниот секретар на НАТО, Jенс Столтенберг, толку остро да ги критикува Вашингтон, раковдството на Европската Унија, Берлин, Тирана, самиот себе и неговата организација. Токму грубото мешање на Западот предизвика длабока и долготрајна криза во Република Македонија. Оваа криза доведе до сериозна деградација на ситуацијата во оваа земја. Ѝ даваме целосна поддршка на оценката на Столтенберг. Би било убаво западните држави да почнат да ги користат ваквите ставови во практика – вели Захарова.

Инаку, премиерот Заев, во понеделникот беше во прва официјална посета на Брисел, каде на средбата со генералниот секретар на НАТО посочи дека Македонија ќе се посвети на реформите кои ќе и донесат брзо членство во воено-политичкиот сојуз.


Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји